Спорт

Раниери ја доби престижната италијанска тренерска награда Енцо Беарцот

Сподели:

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери ја доби наградата „Енцо Беарцот“ за најдобар италијански тренер оваа сезона.

raniera enzo

Раниери го предводеше Лестер до титулата во Премиерлигата, што преставува една од најголемите сензации во историјата на фудбалот.

,,Сеуште не верувам дека го постигнавме ова. Сезоната ја започнавме со цел да го избегнеме испаѓањето од Премиерлигата, но видовте како заврши“, изјавил Раниери на свечената церемонија во Рим.

raniera enzo2

Наградата „Енцо Беарцот“ се доделува од 2011 година, во чест на тренерот кој со Италија стана светски првак во 1982 година.

„Никогаш не го запознав Беарцот, но многу луѓе ми велат дека во мене го гледаат неговиот дух, а тоа ме прави горд“, заврши Раниери.

FBL-ITA-PRIZE-RANIERI

Легендарниот Енцо Беарцот почина во 2010 година.

The post Раниери ја доби престижната италијанска тренерска награда Енцо Беарцот appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: