РСЕ: Меркел призна грешки во справувањето со мигрантите

Сподели

2016-06-23T110214Z_52992754

 – Германија и другите земји на Европската унија ги затворија очите за бегалската криза која премногу долго трае на надворешните граници на Унијата. Ова го изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во интервју за денешното издание на Зидојче цајтунг. Таа оценува дека мигрантите уште долго време ќе бидат предизвик за ЕУ.

Меркел, која се соочува со критики во Германија за нејзината политика на добредојде на бегалците што ја започна пред една година, во интервјуто додава дека на Германија и на Европската унија ќе им ќе требаат трпение и издржливост за справување со миграцијата на луѓе во Европа.

„Во Германија премногу долго го игнорираме овој проблем за кој во исто време е блокирана и неопходноста од изнаоѓање пан-европско решение“, вели таа во невообичаената самокритична анализа која изгледа е темпирана на годишнината од нејзината славна изјава „можеме да го сториме тоа“ кога беше запрашана за растечкиот мигрантски бран во Европа.

Поради ваквата политика нејзината конзервативна партија се очекува да води жестока битка на регионалните избори во септември.

Според Меркел, Германија која презеде над милион бегалци од Блискиот исток и Азија кои лани пристигнаа во Европа, допушти земјите членки кои се на надворешните граници на Европската унија сами да се справуваат со бегалците и мигрантите.

„Тогаш, ние исто така ја отфрливме пропорционална распределба на бегалците“, рече таа, наведувајќи дека Германија не поддржала модели како оној со Европската граничната агенција Фронтекс што го нарушуваат суверенитетот на земјите членки на ЕУ.

„Ние рековме дека ќе се справиме со проблемот на нашите аеродроми, бидејќи ние немаме какви било други надворешни граници. Но, тоа не функционира“.

Меркел која веќе три мандати е канцелар на Германија оценува дека бегалците ќе бидат долгорочно прашање.

„Ние не го решаваме проблемот на соодветен начин. Тоа пред се се однесува на заштитата на надворешните граници на Шенген зоната”, изјави таа, додавајќи дека ЕУ треба да ја подобри соработката и драстично да ја зголеми помошта за земјите во развој во Африка, како и за Турција.

Текстот во целост прочитајте го тука