Вести Свет

Рускиот претседател Путин го одобри договорот за Турскиот тек

Сподели:

Рускиот претседател Владимир Путин го одобри проектот „Турски тек“ за природен гас, јавува Аnadolu Agency  (AA).

Според официјалната одлука на руската Влада објавена на еден руски веб-сајт, Путин го потпиша договорот меѓу турската и руската Влада за изградба на проектот „Турски тек“. Турскиот Парламент го одобри овој договор на 2 декември минатата година, а Думата односно Долниот дом на рускиот Парламент тоа го направи на 20 јануари годинава.

Советот на Федерацијата го одобри договорот на 1 февруари. Договорот меѓу турската и руската Влада за гасоводниот проект „Турски тек“ беше потпишан на 10 октомври минатата година. Во рамките на проектот се планира изградба на две гасоводни линии, секоја со капацитет од 15,75 милјарди кубни метри.

Се очекува преку првата гасоводна линија да се доставува гас до Турција, додека пак преку втората линија би се доставувал природен гас до Европа, доколку за тоа бидат обезбедени потребните гаранции.

Сподели: