САД: Со автомобил влегол во улица каде се одржува фестивал, 28 повредени

Сподели

Во Њу Орлеанс, во американската сојузна држава Луизијана во САД, лице со своето возило влегло во улица насобрани луѓе кои го следеле фестивалот што бил во тек, јавува Anadolu Agency (AA).

Притоа, повредени се 28 лица, кои во улицата Марди Грас го следеле традиционалниот фестивал.

Полицијата соопшти дека не станува збор за терористички напад, бидејќи приведеното лице кое управувало со возилото било под дејство на алкохол.

Во овој немил настан повредени се 28 лица, од кои 21 се пренесени во локалните болници. Некои од лицата се во животна опасност.

Anadolu Agency