Шестдневeн биланс на страдањето на цивилите во Алепо

Сподели

alepo

АНКАРА (AA) – Во нападите на припадниците на војската лолајна на претседателот на Сирија Башар ал-Асад, изведени со поддршка на руските воздушни сили, за шест дена во Алепо загинаа 322 цивили, а 1.150 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).

Ибрахим Ебу Лејс од цивилната заштита во Алепо зборуваше за воздушните и копнените напади изведени од 15 ноември на подрачјата на истокот на Алепо, кои се наоѓаат под контрола на сириската опозиција.

Лејс истакна дека меѓу загинатите се наоѓаат 82 деца и 63 жени. Тој додаде дека акциите на спасување и понатаму траат и дека постои можност бројката на загинатите да расте.

Мета на нападите беа болниците, училиштата и стамбените единици во населбите на истокот на Алепо.

Лејс истакна дека сирискиот режим користи вакумски и барел бомби, а Русија многу разорни бомби.

Мета на нападите се често и возила на брза помош која заминуваат на претходно нападнатите подрачја.

Затоврени се повеќето пекари во населбите во кои живеат околу 300. 000 луѓе, а кои од 4 септември се наоѓаат под опсада на режимските сили, поради што на населението дополнително му е отежнато да дојде до храна.

Министерството за здравство на ниво на градот и Светската здравствена организација (WHO) претходно соопшти дека не работи ниту една болница поради систематски напади на режимските и руските сили.

Последната активна медицинска институција беше болницата „Омер Бин Абдулазиз”, во населбата Мади, која е бомбардирана пред два дена.

АА дојде до снимките на болницата веднаш по нападот. На снимките е видливно дека ранетите лица се прекриени со прашина, како и дека медицинските работници користат заштитни маски за лице.

Лице вработено во болницата Ариф ел-Ариф за АА изјави дека ранетите лица по нападот се префрлени во уништените куќи и подруми на зградата.

Од друга страна, руските функционери тврдат дека Алепо не е мета на нападите, туку дека се насочени кон околината на Идлиб. Меѓутоа, локалните избори тврдат дека руските авиони имаат голема разорна моќ поради што можат да се разликуваат од режимските.