Вести Свет

Шпанија: Грабеж на банкомати во Мадрид, украдени 140.000 евра

Сподели:

banko

МАДРИД (АА) – Крадците во текот на викендот, преку активирање на експлозивни направи поставени на банкоматите во четири општини во Мадрид, успеале да украдат околу 140.000 евра, јавува Anadolu Agency (AA).

Полицијата соопшти дека кражбите се случиле во Виллалба, Махадаонда, Алкоркон и во Алкобендас.

Крадците одбрале банкомати коишто се далеку од центарот на градот, но со голем промет. Кражбите се случиле откако банките ги дополниле банкоматите со големи суми на пари.

Покрај тоа што крадците за време на грабежите на банките користат оружје и закани врз вработените во банките или ги земаат како заложници, тие развиваат и нови тактики, вклучувајќи ја и употребата на експлозивни направи.

Сподели: