Вести Свет

Силниот ураган Никол се движи кон Бермудските Острови

Сподели:

uragan-nikol

Ураганот Никол, кој е означен како особено опасен, се засили и ја достигна категоријата четири од скалата до пет, а се движи кон Бермуда, британска територија во Атлантскиот Океан, соопшти синоќа американскиот Национален центар за урагани.

Според предвидувањата на центарот, ураганот Никол, со максимална јачина на ветерот од 215 километри на час, денеска ќе мине низ Бермудските Острови.

Ураганот во пет часот наутро, по централноевропско време, бил на 290 километри јужно од архипелагот.

Бермуда треба да се подготви за опасно невреме, разорни бранови и за силни дождови, а населението треба да поита да се подготви за да се заштити себеси и своите имоти, предупреди центарот.

meta.mk

Сподели: