СИНГАПУР: НАД 40 ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ СО ВИРУСОТ ЗИКА

Сподели

160126122719-11-zika-virus-super-169

Над 40 лица се инфицирани со вирусот зика во Сингапур, но поголемиот дел од нив целосно заздравуваат, соопштија властите на таа земја.

Сингапур го регистрира првиот случај на заболен од зика во мај годинава. Вирусот во земјата го внесе 48-годишен маж кој патувал во Бразил, центарот на епидемијата на оваа болест.

Министерството за здравство на Сингапур потврди дека има 41 случај на заразени со оваа болест. Оттаму наведуваат дека пациентите не патувале во областите погодени со вирусот зика и дека најверојатно се заразени во Сингапур, со што се потврдува дека овој вирус се пренесува локално.

Од заразените лица, 34 целосно заздравеле, а седум и понатаму се во болница.

Зика се пренесува преку убод од комарец, како и преку сексуални односи. Ако жена се инфицира со вирусот, има поголем ризик да роди дете со оштетување на мозокот познато како микроцефалија.