Вести Свет

Српските пратеници ја замрзнаа работата во косовското Собрание

Сподели:

kosovski-parlament1

Српските пратеници ја замрзнаа работата во косовското Собрание поради усвојување на законот за Трепча и соопштија дека не ја признаваат ниту една одлука која е донесена без договор со српските политички претставници.

„Пратениците на Српската листа свесни за тежината на ситуацијата и одговорноста, во Косовска Митровица одржаа состанок на кој е заклучено дека е нелегална одлуката на Собранието на Косово да го присвои комбинатот Трепча. Тоа претставува свесен чин за газење на интересите на српскиот народ на Косово и миноризација на српските политички претставници,“ било истакнато во соопштението на српските пратеници од Косово.

Имено, законот за Трепча предвидува овој рударско-металуршки комбинат да стане акционерско друштво во кој косовската влада би имала 80 отсто од акциите, а 20 отсто од акциите би им припаѓале на работниците и на другите акционери.

meta.mk

Сподели: