СТАВ: Три пораки од Меркел и Макрон во Берлин – Мерсел БИЉАЛИ

Сподели

Средбата на лидерите од Западниот Балкан со Меркел и Макрон, во рамките на постојните политички околности и реалности во Европа и регион, имала за цел да прати неколку пораки.

 

 

Првата порака е дека ЕУ се наоѓа на своевиден сериозен политички крстопат, особено по Брекзит и бегалската криза, но и по многу други внатрешни прашања како што се визите, емигрантите, безбедноста, тероризмот и недемократското владеење особено во Унгарија и Полска. Дека тоа сериозно може да ја инфицира целата ЕУ. Од ова стравува најмногу Франција, која сега бара прво да се отвораат внатрешни разговори во самата Унијата за тоа како понатаму ќе треба да функционира Унијата!

Втората порака е дека при решавањето на проблемите во Западниот Балкан, не треба да има промена на границите која лесно може да го запали целиот регион. Имено, завчера во Берлин беа и највисоките претставници на Србија и Косово, на кои им било речено дека е потребен нов формат на преговори меѓу двете земји, дијаметрално различен од средбите во Брисел кај Могерини со поддршка на Американците. Бон и Париз ќе го менаџираат и наредниот процес „Брдо-Крањ“, каде се очекува да се усвои документ, дека Западниот Балкан како геополитички проблем мора да се интегрира. Тука Германија бара побрза динамика со аргументи дека забавувањето на процесот ќе ги потхрани националистите кои зборуваaт за нови граници и војни.

Третата порака, имала за цел да ја пофали Северна Македонија, која вложи големи напори за да се реши проблемот со Грција, и дека наспроти сите црвени семафори во ЕУ, Северна Македонија сега очекува награда. Преспанскиот договор, наеднаш е и охрабрување државите од регионот, особено за Србија, Косово и Босна, за тоа како треба да се решаваат горливите проблеми. Оттука, во наредниот европски самит се очекува за нас да има некаква покана, која претпоставувам дека ќе содржи некаква посебна клаузула, барем за да се сочува образот на Франција.

Став, Мерсел Биљали