Вести Свет

СУСПЕНДИРАН Е ГЛАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Сподели:

goran_salihovic01

Суспендиран е главниот обвинител на Босна и Херцеговина Горан Салиховиќ, од дисциплинската комисија на Високото обвинителство и на Судскиот совет. Против Салиховиќ е поведена дисциплинска постапка поради сомневање дека ги злоупотребил службените овластувања.

Постапката против Салиховиќ е поведена по наводи во медиуми дека тој преку посредник до претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ, оддавал податоци за текот на истраги што против него се водат во државното обвинителство поради сомневање за финансиски малверзации.

Како доказ се понудени телефонски разговори прислушувани од Државната агенција за истрага и за заштита, а еден е објавен и во медиумите.

Салиховиќ смета дека Високиот совет сака да го смени поради истрага што ја повел против Додиќ, во врска со организирањето референдум за Денот на Република Српска.

Сподели: