Вести Македонија

Судски курир вечерва втор пат не го најде Груевски дома

Како што дознава Алсат-М, курир од Судот вечерва по вторпат заѕвонил на вратата на екс-премиерот Груевски, но повторно тој не бил дома. Во првиот обид да му го врачи решението, со кое Кривичниот совет ја потврди одлуката на судијата за извршување санкции за затворската казна, вратата ја отворила сопругата на Груевски која рекла дека тој е излезен. […]