Министерството за економија испратило предлог до Владата да се воведе забрана за акциска продажба и промоција на продукти од страна на синџирите маркети до 30 ноември, изјави министерот Крешник Бектеши. “Од денеска започнуваме со носење на мерки со цел заштита на стандардот на граѓаните. Ќе за забранат акциски продажби во маркетите, а следната недела […]
Ознака: замрзнување на цени
Бектеши: Се замрзнуваат и се намалуваат за 13% цените на хигиенските производи
На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ќе донесе Одлука со која се утврдуваат највисоки цени на трговија на мало на хигиенски производи. Согласно одлуката се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата […]
МЗШВ дава поддршка за замрзнувањето на цените кај овошјето и зеленчукот
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви и до министерството за економија достави анализа на цените за земјоделските произовиди на овошје и зеленчук. Би сакале да нагласиме дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи трошоците кои земјоделците ги имаат за приозводството и согласно тоа се креираат мерките на министерството за поддршка на […]
Замрзнување на цените на јајцата и оризот
Владата донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз и се определува […]
Се замрзнуваат цените на тестенините и млечните продукти
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, одржаа прес-конференција, на која што ги соопштија најновите владини одлуки во врска со замрзнување и намалување на цените на тестенините и млечните производи. „Се замрзнува, односно намалува цената на тестенините, кое намалување се предлага да биде за 15%, на […]
Бектеши: Граѓаните за неправилности со цените да пријават на 191
Министерот за економија, Крешник Бектеши ги повикува граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), да пријават во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи. На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците коишто не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените […]