Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар […]
Ознака: корупција
Дигитализацијата на инспекциските постапки ги намалува ризиците од корупција
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа координативен состанок со претставници на сите државни инспекторати, на кој присуствуваше и претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска. На состанокот се разговараше за динамиката на дигитализација на инспекциската постапка Е-инспектор, преку која значајно се отстранува субјективниот фактор, […]
Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе биде додадена вредност во борбата против корупцијата
Формалната работна група за подготовка на предлог на Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка денеска го одржа првиот состанок, на кој беше усогласена интензивна динамика на работа во наредниот месец. Целта е до средината на септември да се подготви решение, кое ќе се достави на мислење до Европската Унија и Венецијанската комисија. […]
САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер. На средбата стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4 276 000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што […]
Кампања на Царинска управа за сузбивање на корупцијата
Царинската управа започнува кампања за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата со цел граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност тоа да го пријават. Во рамки на кампањата „Стоп за корупцијата“, од 9ти до 17ти август на граничните премини ќе се делат брошури преку коишто […]
Почнува расправата за формирање независна агенција за борба против висока корупција и организиран криминал
По долги години отпор од партиите, денеска Парламентот треба да ја почне расправата по Предлог законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, поднесен од пратеникот Павле Трајанов. Со усвојувањето на овој закон се создаваат услови за искоренување на криминалот од функционери и други лица инволвирани во висока корупција. […]
Агелер: Корупцијата е најголемиот предизвик со кој се соочува РСМ
Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер истакна дека е збунувачки процесот за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, потенцирајќи дека корупцијата очигледно е најголемиот предизвик со кој се соочува Северна Македонија. – Го гледав како збунувачки кога се случи и се уште го гледам така. […]
Владата ја промовира кампањата „Сега сé е јавно – Корупцијата не се исплати“
Премиерот Зоран Заев и заменик-претседател на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска ја промовираа кампањата за подигање на свесноста и за поддршка во борбата против корупцијата, под слоганот „Сега сé е јавно – Корупцијата не се исплати“. Кампањата е од посебен јавен […]
Регионален форум на земјите од Западен Балкан за изготвување Патоказ за борба против корупција и нелегални финансии
Во периодот од 21 до 23 јуни 2021 година во Охрид се одржува Регионален форум на земјите од Западен Балкан, чиј домаќин и соорганизатор е Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, заедно со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал УНОДЦ. Целта на настанот е изготвување и усогласување на […]
Дали вашите деца знаат за корупција?
Дали зборувате отворено со вашите деца на тема корупција? Колку вашите деца се свесни за корупцијата во општеството? Дали знаат каде треба да се пожалат доколку посведочат корупција? Сите држави имаат проблем со корупција, но во различен обем. Оваа таканаречена социјална болест во нашата држава има пуштено корени во секоја институција, а тоа дефинитивно […]