Не учат, онака квазидоброќудно, дека историјата ни тежела, дека нè влече кон колективна смрт, дека треба да се откажеме од сопствената меморија за да станеме дел од Европа, дека бришењето на минатото не е така несреќна и страшна операција, дека историјата нема врска со идентитетот, а и да има врска, идентитетот не е нешто […]
Ознака: Александар Литовски
ЧИСТАТА ХРАБРОСТ – Александар ЛИТОВСКИ
Во едно време, кога мачењето било секојдневна работа низ затворите и концентрационите логори, кралалександрови и царборисовски, на нашите луѓе сето тоа им покажувало дека Злото не е привидение, дека тоа не е последица на некои страсти кои би можеле да се излечат, на некоја минлива заблуда што би можела да се отстрани или прости, […]
ПРЕКУ АМНЕЗИЈА ДО АМНЕСТИЈА – Александар ЛИТОВСКИ
Заради глобалните идеолошки трендови и изменетиот геостратегиски атлас, доминантна идеолошко-политичка парадигма стана неолибералниот капитализам, кој пак, на полето на историографијата и историското паметење ги фаворизира антикомунизмот и националистички фикции со носталгија за „големи држави“. Така, кај нас, впрочем како и во сите постсоцијалистички земји, „политиката на производство на сеќавања за славното минато“ и политиката […]
ПРОБУГАРСКИ ИСИХАЗАМ – Александар ЛИТОВСКИ
Денес, како што гледаме, неолиберализмот сè доведе во состојба на релативност. Ништо не е сигурно познание. Сè е превртено на глава: црното е бело, денот е ноќ, фашизмот е антифашизам, вистината е лага, ропството е слобода, кукавичлукот е херојство, криминалот е чесност, дезинформација е информација, сиромаштијата е богатство, незнаењето е знаење… На секој чекор […]
ОДРОДЕНИ ЛЕМИНЗИ – Александар ЛИТОВСКИ
Проповедниците на антимакедонизмот објавија дека Македонците се „вештачка коминтерновска творба“ и, секојдневно, посакуваат и работат за исчезнување на нацијата македонска и државата Македонија. Да се испише, опише и осуди ваквиот злобномагичен антимакедонски амалгам од фразеологија, историски фалсификати, празноборство и глупости, да се објасни, сè повеќе присутното, налудничаво себеодродништво, создадено од тајните полициско-пропагандни служби и […]
КОРОЗИЈА НА МАРИОНЕТСКИОТ УМ – Александар ЛИТОВСКИ
Уште од преминот од дваесетти во дваесет и први век, па сè до денешни дни, огромниот дел од нашата македонска (квази)интелигенција е составена, претежно, од просечни, тупави и збунети лица, кои умствено скитаат по пределите на безидејноста, националистичката догматика и неолибералната идеологија. Скоро сите слугуваат на туѓи интереси. Од запад или исток. Но, сознанието […]
Време на пропаганди, цензури и имприматури – Александар ЛИТОВСКИ
Човештвото е на почетокот на, оксиморонично кажано, „новиот Среден век“. Имено, денес особено, треба да се има во предвид дека уште во 1623 година, папата Урбан VIII формирал „Организација за ширење на католичката вера“ (Congregatio de propaganda fide) со цел да се врши дејност со која се распространува и шири христијанската идеја, односно дејност […]
НЕПРИНЦИПИЕЛНО ДРДОРЕЊЕ – Александар ЛИТОВСКИ
Секој кој поседува некаква морална вертикала во овој криминален свет мора да биде раздразнет од тоа што најважната цел на човековата опстојба станал профитот, па така човечкиот живот ја загубил сета своја внатрешна смисла и убавина. Неолибералното проповедништвото со својата меркантилната реторика, секојдневно, човекот кој е деградиран до роб и потрошувач, го прикажува како […]
МАСАКРИРАЊЕ НА ПРАВДАТА – Александар Литовски
Има низ историјата такви денови и години кога ништо не е така очајно оставено на ветрометина, во ништо повеќе не се стрела и ништо не е побеспомошно осамено како што е – Правдата! Живееме време кога јасно се гледа дека меркантилниот, финансискиот, цезароманскиот лајтмотив на нашето „големо историско време“, успеа поимот Правда да го […]
Светот како смрдлив неофашистички бордел – Александар ЛИТОВСКИ
Фашизмот кој се рехабилитира и рециклира од денешниве неолиберални „победници“, пред само нешто повеќе од седумдесетина години, сосема лежерно и брзо, го отфрли сè она што дотогаш се претставуваше како највисока културна и цивилизациска вредност и остави зад себе неколку десетици тони женска коса и златни заби исечени и искорнати од несреќниците Евреи, Роми […]