Собранието денеска ќе ја одржи 131. пленарна седница, на која како втора точка на дневен ред се Предлог – измените на Одлуката за основање на Анкетната комисија за случувањата на Клиниката за онкологија, поднесени од опозицијата со кои се бара продолжување на рокот за повикување на сведоци за нови 30 дена. “Во текот на […]
Ознака: седница
Прва седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата
Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, кое се формираше со владина одлука, со цел да се зајакне соработката меѓу надлежните институции заради унапредување на политиките и механизмите за превенција и справување со корупцијата, денеска ја одржа првата официјална седница. Со конститутивната седница претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за […]
Замрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат и во декември
Владата, на 199-та седница, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо […]
Одложена 40. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одложи 40. седница поради немање на услови за изгласување на дневниот ред. Имено, при дискусијата за утврдување на дневен ред еден од судиите предложи од денешната седница да се повлече предмет во кој е опфатена иницијатива за оценување на уставноста на член 6 став 4 од Законот за даноците на […]
Се одржа 19-та седница на Советот за безбедност
“На 19-та седница на Советот за безбедност разговаравме за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион”, изјави претседателот Пендаровски, по одржувањето на седницата. “Надлежните претставници на институциите информираа за тековните безбедносни прашања поврзани со земјата и поширокиот регион, вклучувајќи ја руската агресија врз Украина, случувањата на Блискиот Исток и состојбата на северот во […]
Зголемен бројот на македонски војници во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата на 194. седница донесе одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на РС Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово. Со одлуката е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на РС Македонија во операцијата „КФОР“ во Република Косово со дополнително испраќање на еден вод […]
Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје прераснува во Универзитетска клиника
Владата, на 194-та седница донесе Одлука со која Јавната здравствена установа Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје, прераснува во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје. Со оваа одлука се овозможува проширување на дејноста на оваа здравствена установа преку специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно […]
Започнување постапка за избор на универзален снабдувач на електрична енергија
Владата на денешната седница, донесе Одлука за започнување на постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија. Универзалниот снабдувач ќе биде […]
Петревски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ предизвикуваат хаос во јавниот превоз
“Со жалење морам да соопштам дека непринципиелната коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Советот на град Скопје уште еднаш докажа дека работи исклучиво во корист на личните и партиски интереси и на штета на граѓаните. На вчерашната седница на Советот на град Скопје за ребаланс на градскиот буџет, претставниците на овие две политички партии, […]
Формирање работна група за решение на прашањата покренати од Синдикатот на УПОЗ
Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за правда, за изнаоѓање решение околу актуелните барања и посочени состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа. Владата одлучи во рок од седум дена да биде формирана работна група составена од министерот за правда, министерот […]