Спорт

Торонто ја доби мајсторката со Мајами и за првпат избори финале на истокот!

Сподели:

Источната конференција ги доби тимовите кои ќе играат во финалето.

raptors

На Кливленд им се приклучи и тимот на Торонто Репторс кои за прв пат во клупската историја изборија пласман во финалето.

Торонто во решавачкиот седми натпревар, од полуфиналната серија, го победи тимот на Мајами убедливо со 116:89.

Бековската двојка Дерозан-Лаури комбинираше 63 поени, а Репторси ја добија последната четвртина со 30:11.

Торонто ги контролираше играта и резултатот, но Мајами успеваше да го држи приклучокот. Гостите од Флорида во послениот период немаа решение за напаѓачката игра на Торонто.

raptors1

Лаури забележа 35 поени, 9 скокови и 7 асистенции, а Дерозан постигна 28 поени. Кај Мајами Драгиќ и Вејд реализираа по 16 поени.

Вечерва стартува финалето на западната конференција каде Голден Стејт е домаќин на Оклахома.

The post Торонто ја доби мајсторката со Мајами и за првпат избори финале на истокот! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: