Вести Свет

Ципрас: Грексит е план на германскиот министер за финансии Волфганг

Сподели:

„Планот за излез на Грција од еврото и преминување кон драхмата не е ниту мој, ниту на Франсоа Оланд, ниту пак на Владимир Путин. Тоа е план на Волфганг Шојбле“, изјави Ципрас

thumbs_b_c_0ac91c23559f1ff5eaa55b2929a80ac4

АТИНА (АА) – Премиер на Грција Алексис Ципрас, во врска со минатогодишната изјава дека излезот од еврозоната е решение за кризата во Грција рече: „Планот за излез на Грција од еврозоната и премин кон драхмата не е ниту мој, ниту на Франсоа Оланд, ниту пак на Владимир Путин. Тоа го испланира Волфганг Шојбле (министер за финансии на Германија)“,јавува Anadolu Agency (AA).

Ципрас во интервјуто за телевизискиот канал France 24, зборуваше во врска со кризата која продолжува во Грција, дискусиите околу минатогодишното план за излез на Грција од ЕУ (Grexit) и други прашања поврзани со Европската унија.

Во книгата на францускиот претседател Франсоа Оланд, која ја сочинуваат интервјуата кои тој ги има дадено за весникот Le Monde, Ципрас се обвинува дека побарал од Путин да бидат отпечатени драхмите во Русија. Во врска со ова прашање Ципрас одговори: „На еден јасен начин би сакал да кажам дека сите такви искази и написи се невистини и не ја отсликуваат реалноста“.

Ципрас рече дека тој и Оланд водат големи борби гради во гради за опстанок на Европа и изјави: „Планот за излез на Грција од еврото и преминување кон драхмата не е ниту мој, ниту на Франсоа Оланд, ниту пак на Владимир Путин. Тоа е план на Волфганг Шојбле.“

Покрај тоа, Ципрас, го бранеше ставот дека покрај останатите влади, членки на ЕУ и германската канцеларка Ангела Меркел влијаела на откажувањето од таквиот план.

Ципрас потсетувајќи дека последните 6 години, европските партнери, на чело со министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле бараат Грција да ги почитува дадените обврски, додаде: „Мислам дека тоа го заслуживме“.

Сподели: