Ципрас ќе предложи нови измени на грчкиот устав

Сподели

cipras-sobranie-1

По промените на изборниот закон, грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва ќе ја отвори дебатата за уставни промени во Грција. Преку говор во грчкиот парламент Ципрас ќе најави неколку измени на Уставот на кои ќе работи неговиот кабинет во следниот период, со надеж дека ќе ја добијат поддршката и од парламентот и од народот.

Според првичните информации Ципрас ќе предложи почести народни рефенредуми на иницијатива на граѓаните, избор на претседателот на народни избори и зголемување на неговите надлежности во државата.

Во обид да се направат уставни реформи и владата да се отвори кон граѓаните, Ципрас ќе предложи граѓаните да можат самоиницијативно да распишат референдуми на локално или државно ниво преку собирање потписи за клучни прашања за државата. Исто така, не е исклучено и владата почесто да ги користи референдумите како совет за важни теми во државата.

Што се однесува до измените, при изборот на претседател, Ципрас ќе предложи доколку парламентот не успее при две гласања да избере претседател, како што беше случај пред две години, тогаш претседателот да се избира на народни избори.

meta.mk