Вести Свет

Турската полиција го приведе братот на лидерот на ФЕТО

Сподели:

Припадниците на полицискиот Оддел за борба против тероризмот на база на разузнавачките сознанија го пронајдоа бараниот Кутбетин Ѓулен, во куќата кај неговите роднини во дистриктот Газиемир во Измир

fethullah-gulen

ИЗМИР (AA) – Турската полиција во Измир денес од слобода го лиши Кубетин Ѓулен, братот на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency(AA).

Припадниците на полицискиот Оддел за борба против тероризмот на база на разузнавачките сознанија го пронајдоа бараниот Кутбетин Ѓулен во куќата кај неговите роднини во дистриктот Газиемир во Измир, а во таа прилика бараното лице е лишено од слобода и предадено на надлежните организа за понатамошно процесуирање.

Кутбетин Ѓулен од претходно се наоѓа на листата на бараните лица во Турција, а помеѓу другото, се терети и за членство во терористичката организација ФЕТО.

Претходно, Кутбетин Ѓулен беше отпуштен од печатница која работела под раководство на Холдингот Кајнак, откако државата во 2015 година назначи доверители на компанијата поради нејзината поврзаност со терористичката организација ФЕТО.

Предводена од Фетула Ѓулен, терористичката организација ФЕТО е обвинета за организирање на обидот за државен удар како и долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и судството.

Сподели: