Вести Свет

Турскиот парламент го одобри воведувањето на вонредна состојба во земјата

Сподели:

turski-parlament

Турскиот парламент го одобри воведувањето на тримесечна вонредна состојба во земјата и давањето на неограничени овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган, по минатонеделниот неуспешен обид за државен удар, јавуваат светските агенции.

Од 550 членови на парламентот за воведување на вонредната сосојба „за“ гласале 356 пратеници, а 115 биле „против“.

Ердоган ја соопштил одлуката на неговиот кабинет дека бара дополнителни овластувања, наведувајќи дека вонредната состојба ќе овозможи војската да се исчисти од субверзивните елементи.

Турскиот претседател, по завршувањето на седницата на Владата во Анкара, рече дека воведувањето на вонредна состојба не е против демократијата, владеењето на правото и слободата.

meta.mk

Сподели: