Вести Свет

Турција го блокира пристапот до „Викиликс“

r350863_5041432

Турција го блокира пристапот до страницата на „Викиликс“ откако непрофитабилната организација објави околу 300.000 електронски пораки на членови на владејачката Партија на правдата и развојот (АПК), објавија од „Викиликс“ на „Твитер“.

„Викиликс“ синоќа објави 294.548 документи од партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, иако е под хакерски напади од понеделникот, кога најави дека ќе ги објави документите.

Организацијата се сомнева дека турските државни структури или нивни сојузници стојат зад нападот.

Сподели: