Турција: Новинари изведени пред судот во Истанбул

Сподели

sud1-860x680

Дваесет и еден новинар денеска се појавиja пред турскиот суд откако беа уапсени по неуспешниот воен удар, изведен на 15 јули.

Истовремено, mинистерството за односи со ЕУ суспендираше неколку свои вработени.

Телевизиските снимки прикажале снимка од внесувањето на новинарите во судница во Истанбул. Тие се меѓу 42 истакнати новинари за кои е издаде налог за апсење во понеделникот.

Во Турција на сила е вонредна состојба. Досега се уапсени повеќе од 16.000 лица, а десетици илјади се отпуштени од работа.

„Да не беа уапсени овие лица, тогаш воениот удар ќе беше успешен“, рече шефот на турска дипломатија, Мевлут Чавушоглу.

meta.mk