Вести Свет

Турција: Обвинителството бара 1.900 години затвор за Фетула Ѓулен

Сподели:

feto

УШАК (АА) – Судот во турскиот град Ушак го прифати обвинението со 111 обвинети против терористичката организација ФЕТО. За првообвинетиот лидер на ФЕТО, Фетула Ѓулен, се бара затворска казна од 1.900 години, јавува Anadolu Agency (AA).

Обвинителството во Ушак започна истрага против терористичката ФЕТО во септември 2015 година, а таа се однесува на финансирање на терористичката организација. Обвинението подготвено на 2.537 страници е предадено на Вториот казнен суд во Ушак, кој го прифати.

Вкупно 111 обвинети во обвинението, меѓу кои и првообвинетиот водач на теористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, се обвинети за формирање и водење на терористичката организација, финансирање на тероризмот, обид за рушење на уставниот поредок, обид за рушење на владата, измама и други криминални активности. Обвинителството бара различни казни за обвинетите, меѓу две години и доживотен затвор.

Теористичкиот водач Фетула Ѓулен се товари за обид за рушење на јавниот и уставниот поредок во земјата, за формирање и водење на вооружената терористичка организација, обид за рушење на владата со користење сила и насилство, различни измами преку искористување на верските чувства и за финансирање тероризам. Обвинителството за Ѓулен, меѓу другото, бара две казни на доживотен затвор и 1.900 години затворска казна.

Да се потсетиме, Судот во Истанбул издаде потерница и налог за апсење на основачот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, Фетула Ѓулен, поради наредба за обид за државен удар во Турција на 15 јули.

Сподели: