Вести Свет

„Твитер“ ќе ги разгледа понудите на компаниите заинтересирани за преземање

Сподели:

thumbs_b_c_8e9fe0cfdd20d5909a1ed5e0615aee51

ВАШИНГТОН (АА) – Раководството на Твитер ќе ги разледа понудите на компаниите што изразија желба да ја купат оваа социјална мрежа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Изминатите денови, американските медиуми пишуваа за можната продажба на „Твитер“, а „Волстрит журнал“ јавува дека раководството на „Твитер“ соопштило оти во престојните денови ќе ги разгледа понудите што ги доставиле „Алфабет“, „Мајкрософт“, „Сејлсфорс“, „Верајзон“ и „Волт Дизни“.

„Волстрит журнал“ изјави дека челникот на компанијата „Сејлсфорс“ од Сан Франциско, Марк Бениоф, изјавил дека сака да го откупи „неизбрусениот дијамант“, „Твитер“, а дека откупната цена би можела да изнесува околу 20 милијарди долари.

Други американски медиуми јавуваат дека наголеми шанси за купување на компанијата „Твитер“ има компанијата „Волт Дизни“.

Основачот и челникот на „Твитер“, Џек Дорси, воедно е член и на Управниот одбор на „Волт Дизни“, па тој факт се користи како аргумент на извесно соединување на двете компании под еден кров.

Сподели: