УНИЦЕФ: Во Алепо се наоѓаат повеќе од 100 илјади деца како што е Умран Дакнеш

Сподели

sirija

ЊУЈОРК (AA) – Извршниот директор на Меѓународниот фонд за деца (УНИЦЕФ) Ентони Лејк изјави дека во сирискиот град Алепо се наоѓаат повеќе од сто илјади деца како што е петгодишниот Умран Дакнеш, кој пред некој ден беше извлечен под урнатините на воздушните напади во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).

Во пишана изјава на Лак се наведува дека фотографијата на сириското дете Умран предизвика внимание ширум светот.

„Во Алепо се наоѓаат повеќе од 100 илјади деца како што е Умран. Изложени се на страдања на кои не треба да биде изложено ниту едно едно. Мораме да бидеме во емпатија со нив. Но, не е доволно да бидеме лути на оние кои се причина на овие страдања, потребно е нашите чувства да ги спроведеме на дело”, рече Лејк.

Истакна дека врсниците на Умран во Сирија во својот живот не знаат ништо освен катастрофите од војната и ги повика оние кои ја започнале оваа војна да ја запрат и така да ги завршат ноќните кошмари на децата.

Откако руските или авионите на сирискиот режим го бомбардираа населениот дел на градот Алепо, детето Умран е извлечено под урнатините на зградите. Неговата фотографија додека со крваво лице седи во возило на итна помош го обиколи светот.