ВЕЧЕРВА ПРВИОТ ТВ ДУЕЛ ВО ЖИВО НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

Сподели

Денеска ќе се одржи ТВ дебатата помеѓу кандидатите за претседател на САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон. Дискусијата ќе започне во 21 часот по источноамериканско време (01 часот по Гринич на 27-ти септември). 

Дебатата се очекува да привлече рекорден број гледачи. Уште пред една недела експерти цитирани од медиумите во САД признаваат дека над 100 милиони луѓе ќе го следат дуелот. Со сигурност се тврди дека ќе биде подобрен рекордот по гледаност, поставен од демократот Џими Картер и републиканецот Роналд Реган на 28 октомври 1980 година, кога 80, 6 милиони гледачи останаа пред телевизиските екрани.

Темата за гостите на дебатата секогаш била чувствителна, потсетува БТА. Ова  се виде и сега со заканата на Трамп да ја  покани во салата поранешна љубовница на Бил Клинтон, експретседател и сопруг на Хилари.

Дебатите ќе бидат  90 минути, во шест делови од по 15 минути. Нема да има комерцијалните паузи.

Модератор ќе биде 57-годишниот Лестер Холт. Тој е почитуван новинар и водител на вечерните вести на телевизијата Ен-Би-Си, кој е најгледан во земјата.