Вести Свет

Во Шведска пристигнале 176 барања за азил од лица поврзани со ФЕТО

Сподели:

thumbs_b_c_0d02da76af72d7805e1828263962df1d

СТОКХОЛМ (АА) – Еден од водечките весници во Шведкса „SVD”, информираше дека последните два месеци од Турција пристигнале 176 лица кои побарале азил во Шведска, јавува Anadolu Agency (AA).

Во весникот се наведува дека според податоците на канцеларијата за бегалци, последните два месеци 176 лица од Турција побарале азил во Шведска, за кои весникот истакнува дека се лица поврзани со терористичката организација на Фетула (ФЕТО).

Во написот на весникот „SVD” стои дека по обидот за државен удар, меѓу лицата кои од Турција избегале во Шведска и побарале азил е и поранешниот претставник на „Today’s Zaman” за Анкара Абдулах Бозкурт, но засега состојбата на подносителите на барањата за азил е неизвесна.

Од друга страна, канцеларијата за бегалци донесе одлука со која сите лица на кои им е одбиено барањето за азил во Шведска, а се знае дека имаат цврста поврзаност со ФЕТО, нема да бидат испратени во Турција, туку ќе им биде дозволен престој во државата.

Сподели: