Зад цивилите во Алепо останаа урнатините и пораките: Ќе се вратиме!

Сподели

ИДЛИБ/АЛЕПО (АА) – Откако од истокот на Алепо беа евакупирани илјадници цивили, на sидовите на урнатините кои останаа зад нив ги напишаа пораките „Ќе се вратиме”, јавуваAnadolu Agency (AA).

Со интензивни преговори меѓу Турција и Русија договорено е примирјето во Алепо и почна евакуацијата.

Досега пет конвои со цивили и силите на сириската опозиција се евакуирани од истокот на Алепо во Идлиб. Според достапните информации, во конвојот се наоѓаа 7.500 цивили.

Новинарите на АА кои се наоѓаат на подрачјето под окупација ја забележаа состојбата која остана зад цивилите на источен Алепо.

Зад големата трагедија останаа урнатините и на нив пораките: „Асад ќе оди”, „Ние ќе се вратиме наскоро,” „Алепо, те сакам”, „Алепо е слободен”, „Не отидовме затоа што сакавме, туку затоа што моравме.”

Ебу Хамза е еден од цивилите кои стасаа во Идлиб.

Бевме под окупација. Алепо го бомбардираа авиони. Немаше храна, ниту пијалак. Ги загувивме семејствата и децата. Со Божја помош, ќе се вратиме”, порача Ебу Хамза за АА.

Ум Шефик во Идлиб дојде од населбата Сукери.

„Жена ми требаше да оди на лекување. Моравме да излеземе од Секери. Нашата куќа секојдневно е бомбардирана”, раскажа Шефик.

И активистот Ебу Велид Халеби порача дека повторно ќе се врати во Алепо.

Од септември кога силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад и нивните сојузници го окупираа Алепо па до почетокот на евакуацијата во овој сириски град се убиени 1.138 цивили.