ЗАЕВ: Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ

Сподели

 

“Уверени сме дека Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година.

Канцеларката Меркел нѐ информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.

Во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ.”

Изјави, Зоран Заев