Вести Изјави Македонија Статуси Ударни вести

Заев: Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија

Сподели:

 

Денеска се навршуваат осум години од „црниот понеделник“ кој се случи на 24 декември 2012 година. Премиерот Заев на својот фб профил напиша:

“Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија.
24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Таквиот однос кулминираше години подицна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието.
 
Денеска, осум години подоцна многу работи се променети во нашата татковина.
 
Собранието денеска е дом каде царува дебатата, а не насилството.
Ја живееме слободата.
 
Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без стрв од упади и насилни исфралања.
 
Редот, правдата и дисциплината се нови вредности.
 
Денес, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост испраќаме порака, датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното.
 
Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори.
Режим – никогаш повеќе!” – напиша премиерот Зоран Заев.
Сподели: