Вести Македонија Ударни вести

Герасимовски: Населбата Пролет ќе ја има најмодерната инклузивна градинка во државата

Сподели:

 

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со претседателот на Владата Димитар Ковачевски направи обиколка и увид во градежните работи на градинката „Пролет“ која е во изградба.

 

 

„Мило ми е што денеска сме овде од каде се испишува една нова приказна за дечињата од населбата Пролет и Маџир Маало. Градинката “Пролет” е прва градинка во Општина Центар по цели 50 години и е целосно финансирана од нас. Новата градинка Пролет ќе се простира на вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 150 деца и ќе биде најголемата детска градинка во државата. И со оваа инвестиција решаваме огромен неколку децениски проблем за родителите кои децата на згрижување ги носат во соседните населби. Создаваме и услови за нови вработувања во воспитно-образовниот сектор. На нас во Центар инклузивноста во образовниот процес ни е особено важна. Затоа, во градинката „Пролет“, има надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. Тука ќе има и лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето, a многу важно е што градинката ќе располага со просторија за лекар за изолација за дете. Градинката предвидено е да има и кујна наменета само за потребите на децата, со свежо приготвена и здрава храна“, изјави Герасимовски.

 

 

Герасимовски исто така истакна дека преку изградба на училишта и градинки, општината вложува во подобро општество и квалитетно образование за следните генерации. Воедно тој му се заблагодари на премиерот Ковачевски, и министрите кои даваат ветар во грб за следните идните подвизи на општината.

Претседателот на Владата и премиер Димитар Ковачевски ја поздрави работата на градоначалникот Герасимовски непоменувајќи дека со инвестицијата вредна 2,5 милиони денари градоначалникот го потврдил фокусот и посветеноста за потребите на граѓаните

 

 

„Ја поздравувам работата на градоначалникот Горан Герасимовски, кој, како и Владата, чијшто приоритет се граѓанските потреби – и тој ја насочи работата на општината Центар кон создавање услови за поквалитетен живот на граѓаните. Изградбата, гледаме дека напредува и досега се завршени 40 проценти од градежните работи, а очекувањата се дека градинката ќе биде завршена некаде до април следната година. Во план е, како што најави градоначалникот Герасимовски, изградба и на уште една детска градинка во близина на населбата Пролет, во Маџир Маало, со што во целост ќе се задоволат потребите за згрижување дечиња од овој реон во општината Центар“, посочи Герасимовски.

 

По завршувањето на градежните работи, освен прекрасно уреден простор, децата во „Градинката Пролет“ ќе добијат и зелена површина од 2000 метри квадратни и ново зелено катче во населбата. Во дворот, покрај игралиштето, децата исто така ќе може да уживаат во урбана градина со многу детски реквизити, лизгалки, лулашки и мостови, но и детска болдер карпа. Во градинката е предвидена и изградба на галерија, со сигурносна ограда, елементи и три дрвени куќички кои ќе имаат улога на видиковец. Долж галеријата се предвидува изградба на тераса со дрвен под, обезбедена и осигурана за безбедно играње на децата. Според проекциите, градежните зафати треба да завршат во првата половина од наредната година, по што ќе следи внатрешноуредување и конечно детски џагор и насмевки.

Важно е да се напомене дека иградбата на детската градинка „Пролет“ следи по измената на планот “Пролет”, со што на местото на предвиден објект од локалната самоуправа, се вцрта токму оваа детска градинка, која пригподно, го носи името на населбата во која се гради.

Сподели: