Зголемен бројот на македонски војници во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово

Сподели

 

Владата на 194. седница донесе одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на РС Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.

Со одлуката е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на РС Македонија во операцијата „КФОР“ во Република Косово со дополнително испраќање на еден вод од 35 лица. Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Република Косово.

За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на Армијата за период од  шест месеци, сметано од ноември 2023 до мај 2024 година.

Со оваа измена на Одлуката, вкупниот број со кој ќе учествуваме во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата на РС Македонија.