Вчера имаше 20 пожари на отворен простор, 2 се активни, а изгаснати се 18

Сподели

На 1 јули, имаше вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, а изгаснати се 18 пожари, информираат од Центарот з ауправување со кризи.

АКТИВНИ: 2

1. Опш.Прилеп: с.Бешиште (приземен во квалитетна мешана шума), додека кракот кај с.Градешница (опш.Новаци) е под контрола;

2. Опш.Валандово: с.Грчиште – с.Марвинци и Опш.Богданци: с.Паљурци – с.Богданци (ниска вегетација и грмушки).

ПОД КОНТРОЛА: /

ИЗГАСНАТИ: 18

1. Опш.Гази Баба: автопат Скопје – Велес (ниска вегетација);

2. Опш Бутел: ул.Александар Урдаревски (ниска вегетација и ѓубре);

3. Опш.Чучер Сандево: с.Чучер (ниска вегетација);

4. Опш.Шуто Оризари: с.Визбегово (дива депонија);

5. Опш.Ресен: с.Грнчари (ниска вегетација);

6. Опш.Дојран: с.Фурка (грмушки и ниска вегетација);

7. Опш.Велес: с.Црквино (ниска вегетација);

8. Опш.Кавадарци: Катуниште, Бабин дол (ниска вегетација);

9. Опш.Демир Капија: спроти Автосервис „Старт“ (ниска вегетација);

10. Опш.Свети Николе 1: кај фабриката БИМ (трска и ниска вегетација);

11. Опш.Свети Николе 2: кај фирмата „Агро Вита“ (ниска вегетација);

12. Опш.Свети Николе 3: с.Кнежје (ниска вегетација);

13. Опш.Штип: ул.Солунска (дрва и ѓубре);

14. Опш.Кочани: с.Грдовци (житарица и ниска вегетација);

15. Опш.Куманово 1: м.в.Споменик Куманово (ниска вегетација);

16. Опш.Куманово 2: с.Романовце (ниска вегетација);

17. Опш.Куманово 3: с.Романовце (ниска вегетација);

18. Опш.Јегуновце: с.Вратница (дива депонија).

ЦУК апелира граѓаните да внимаваат при движење во природа и да не палат оган на отворен простор. И најмала искра може да предизвика голем пожар со несогледливи последици!