24 часовен МВР Билтен

Сподели

 

На 28.02.2024 околу 23.25 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот А.А. од тетовска Шипковица. При претрес во домот во кој времено престојувал во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 28.02.2024 во 15.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Р.(60) и З.И.(58), двајцата од тетовска Шипковица. Тие биле затекнати во месноста „Студена река“, атар на тетовски Бродец, како со моторни пили бесправно сечат букови стебла. Извршен е увид и било утврдено дека на местото биле пресечени околу 200 стебла. По целосно документирање на случајот против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека околу 13.10 часот во Градскиот парк во Скопје, со уште две други лица, физички го нападнале Ф.П.А.(19) од Скопје и се обиделе да му го одземат паричникот.  По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 28.02.2024 во 10.20 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 40-годишниот  тетовец С.К.. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Денеска (29.02.2024) во 01.20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ш.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 28.02.2024 на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода К.З.(34) од Битола затоа што кај неа била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, против К.З. ќе следува соодветен поднесок.

На 28.02.2024 во 21.20 часот во с.Сопиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 28.02.2024 во 22.50 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир.   На 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија. Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против двајцата полициски службеници поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. Додека за Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка. При преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од Полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него. И против нив Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дициплинска одговорност по член 210 од Колективниот договор на МВР.

На 28.02.2024 во 13.05 во Полициско одделение Кривогаштани, В.Ѓ.(49) од с.Обршани, прилепско, пријавила дека при вршење на земјоделски работи во дворното место, нејзиниот сопруг пронашол две минофрлачки  гранати. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал гранатите и констатирал дека се работи за гранати со калибар од 62мм од Првата Светска војна.

На 28.02.2024 во 10.35 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле Г.Б.(41) од Република Турција затоа што при извршена проверка било констатирано дека остварил илегален влез во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија за понатамошна постапка. 

На 28.02.2024 во 15.25 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(26) од Република Молдавија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Романија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (28.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 599 возачи. Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 275 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 324 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 мерки за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за возење под дејство на алкохол…

На 28.02.2024 во 12.25 часот во Полициската станица Центар, В.А.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонија“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 28.02.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Ш.(51) од Скопје пријавила дека во с.Горно Соње, скопско, била касната од куче скитник.

На 28.02.2024 во 11.10 часот во Полициската станица Драчево, А.К.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.