24 часовен МВР Билтен

Сподели

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од општина Врапчиште и А.К.(52) од Република Албанија, одговорно лице во правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. При контрола и претрес било констатирано дека правното лице одгледувало канабис за медицински цели во услови спротивни на законските одредби, а при увид во документацијата доставена до комисијата констатирано е дека А.К. делумно и нецелосно ги пријавувал промените при одгледување на канабис, не водел соодветна евиденција за настанати промени, што претставува негова законска обврска до комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Т.(61) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 10.12.2024, пријавениот бил затекнат при незаконит лов во ловиште „Богословец“ во ловен реон Свети Николе, под концесија на ЈП „Национални шуми“.  

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(74) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во март 2025, на место викано „Бадеми“, на дел од катастарска парцела во сопственост на Акционерско друштво ЕСМ Скопје, пријавениот узурпирал земјиште и без одобрение градел станбен објект. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 16-годишник од с.Дејловце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.11.2024 во ресторан на бензинска пумпа во Куманово, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал едно лице. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Г.(44) од с.Градец, општина Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 26.07.2024 во Виница, пријавениот овозможил на двајца малолетници и уште едно лице да користат марихуана, која била пронајдена при преглед кај нив.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, против Д.К., полициски службеник во Единицата за службени кучиња и П.И., полициски службеник во ПСОН Аеродром при СВР Скопје поднесе кривична пријава за кривично дело “Неизвршување на судска одлука“ по член 377 став 2 од КЗ. Пријавените полициски службеници во својство на службени лица на 16.03.2024 одбиле да извршат правосилна и извршна судска одлука што биле должни да ја извршат, односно истите не постапиле по решение на Основниот кривичен суд Скопје, Оддел за претходна постапка за определување мерка куќен притвор спрема лице во Скопје и одбиле да извршат и не извршиле надзор над куќниот притвор, а за истото изготвиле службен материјал-службена белешка дека бил извршен надзор и дека лицето било затекнато во својот дом и се придржувал до мерките.

На 15.04.2025 во 17 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Т.М.(53) од Република Грција. При преглед и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил заджан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 15.04.2025 во 17.45 часот на Граничниот премин Деве Баир, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода У.А.(26) од Република Турција затоа што при гранична контрола, на увид приложил фалсификуван зелен картон за возилото кое го управувал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 15.04.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Б.(30) од Куманово, Д.С.(42), Ј.Ј.Ф.(22) и Д.С.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

На 15.04.2025 околу 12 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Пиринска“ во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.М.(35) од Виница, удрило во пешакот С.С.(68) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С. констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 15.04.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(42) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(33) од Скопје. Во несреќата со повреди се здобиле 42-годишната В.Ш., Ф.Т. и неговата сопатничка М.Т.(34) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (16.04.2025) во 06.05 часот во Полициската станица Гази Баба бил задржан Б.А.(23) од Скопје, по претходна пријава од 50-годишна жена од Скопје дека на 15.04.2025 околу 21 часот во двор од семејна куќа на подрачјето на Гази Баба, пријавениот со остар предмет физички ги нападнал пријавителката и нејзиното семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 15.04.2025 во 15.43 часот во СВР Скопје, В.Т.(34) пријавила дека околу 14.40 часот, додека извршувала работни задачи во маркет на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од С.С.(63) од Скопје, која претходно била забележана дека одзела производи од објектот. По расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 15.04.2025 во 15 часот В.Б.(32) од Свети Николе пријавила дека на 11.04.2025 околу 02.30 часот, додека извршувала работни задачи во индустриската зона „Бунарџик“, била физички нападната од А.М. од Свети Николе, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.04.2025 во 12 часот во СВР Скопје, 34-годишен маж од Република Турција, со престој во Скопје, директор на правно лице, пријавил дека околу 09 часот во просториите на правното лице во Скопје, Џ.Ш. од Скопје, сопруг на една вработена, му упатувал закани и ги вознемирувал останатите вработени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Денеска (16.04.2025) околу 03 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 15.04.2025 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа, на подрачјето на Карпош, каде извршувал поправки како водоводџија, починал МТ.(76) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.  

На 15.04.2025 во 14 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско село било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ч.Д.(13) од Кавадарци, која и претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.