СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Ј.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство. На 21.02.2025 во семејниот дом во тетовско, пријавениот, по претходна расправија со неговиот брат, физички го нападнал и со остар предмет се обидел да го повреди.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 06.04.2025 во Куманово, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
ОВР Берово поднесе кривична пријава против М.П.(81) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување , држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ . На 23.10.2024 полициски службеници извршиле претрес со судска наредба во дом и помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени една воздушна пушка „Црвена Застава“ калибар 4.5 мм, еден пиштол „Ерма Верке“, куршуми со различен калибар и 160 дијаболи за воздушна пушка калибар 4.5 мм, за кои не поседувал дозвола.
ОВР Берово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 13.07.2024 во Берово, од простории на спортски клуб, пријавените одзеле разновидна опрема која ја користел клубот, со вкупна вредност од 28.750 денари.
СВР Штип поднесе кривична пријава против M.С.(65) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 26.02.2025 пријавената телефонски се јавила на лице- вработено во Центарот за социјални работи во Пробиштип, при што и упатила закани по нејзиниот живот.
На 02.05.2025 во 02.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат во с.Чајле, гостиварско, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски таблици, управувано од Д.А.Б.(21) од Р.Турција, а со привремено живеалиште во Гостивар, излетало од патот. При тоа, сопатничката Б.А. (22) од Р.Турција, а со привремено живеалиште во Гостивар, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 01/02.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С.(19), Б.Р.(25), Ф.Ц.(22), Т.В.(44) и И.М.(21), сите од Скопје, 50-годишната С.С. од Штип, А.Л.(25) од с.Р`жаничино, скопско, Г.А.(23) од с.Миладиновци, скопско, Е.З.(21) од с.Љуботен, скопско и М.Ч.(21) од Р.Турција, со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана и бела тврда материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 01.05.2025 во 18 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Долно Српци, општина Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А.(22) од с.Долно Српци, и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблици, управуван од Т.Р.(21). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Р., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
На 01.05.2025 во 23.04 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дебарска“ и ул.„Илинденска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“, управувано од Е.У.(23) од Битола и патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ј., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 01.05.2025 околу 20.40 часот на бул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски таблици, управувано од Ш.Е.(55) од Скопје, не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници од СВР Скопје и по кратко кратко време удрило во возило „голф“, сопственост на МВР. По преземени мерки, утврдено е дека Ш.Е. го управувал возилото под дејство на алкохол. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.05.2025 во 15.54 часот над с.Крстоар во општина Битола патничко моторно возило „пежо” со битолски регистарски таблици, управувано од А.В.(25) од Битола, удрило во паркирано возило „шевролет“, сопственост на МВР. По преземени мерки, утврдено е дека А.В. не поседува возачка дозвола, а возилото е со измината важност на регистрација повеќе од шест месеци. Од страна на полициските службеници од СВР Битола возилото е одземено, а против А.В. ќе бидет поднесени соодветни поднесоци.
На 01.05.2025 во 17.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, М.Д.(56) од Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.05.2025 во 20.35 часот во СВР Скопје 44-годишна жена пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Б.Д.(38) од Скопје. Исто така, во 20.45 часот во СВР Скопје Б.Д. пријавил дека бил физички нападнат од Д.Б.(42)-брат на неговата поранешна партнерка и Д.С.(32), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.05.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.С.(25) и М.Б.(25), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.05.2025 во 17.15 часот во СВР Скопје Д.С.(41) од с.Петровец,скопско, пријавил дека на локален пат кај с.Петровец бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.05.2025 во 16.50 часот на паркинг простор на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(44) од Скопје, по претходна пријава од З.С.(57) од Скопје дека, околу 16.20 часот, на паркингот неговата малолетна ќерка, при качување во автобус, била физички нападната од пријавениот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.05.2025 во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот се вратила А.С.(14), а во 16.30 часот на подрачјето на Чаир од страна на полициски службеници од СВР Скопје била пронајдена А.А.(11). Двете малолетнички истиот ден беа пријавени од страна на нивните родители дека се оддалечиле од нивните домови.
Денеска (02.05.2025) во 00.35 часот во Полициската станица Кочани од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив биле донесени Ж.Б., М.Б. и Т.С. со повреди од остар предмет, a, според пријавеното, пред продажен објект во с. Тркање биле нападнати од страна на И.М. и Б.М., сите од с.Тркање,кочанско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.05.2025 во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Денеска (02.05.2025) во 10 часот во СВР Скопје А.Џ. (55) од Скопје пријавил дека во местото каде престојуваат, се вратил неговиот син А.Џ. (8), за кој тој вчера (01.05.2025) во 00.45 часот во Полициската станица Карпош, пријавил дека се оддалечил од местото каде престојуваат.
На 01.05.2025 во 17.45 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Г.(36) од Р.Грција, кој допатувал со патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки. При извршен преглед кај него и во неговиот личен багаж, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 01.05.2025 во 23.35 часот во Берово полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода М.П.(53) од Берово, затоа што нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.05.2025 во 17.20 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Д.И.(28) од кривопаланчеко село, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга, а притоа и упатувал и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
