24 часовен МВР Билтен

Сподели

 

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (2 јануари) околу 22.10 часот го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Ф.Ф.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

На 02.01.2024 во 17.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(23) од с.Визбегово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2024 во 20.00 часот на ул.„Пере Тошев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Т.(39) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и повеќе таблети. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 02.01.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Ш.(60) од Битола. При претрес на тезга во новиот пазар во Битола и во неговиот дом на ул.„Охридска” во Битола пронајдени и одземени се над 200 парчиња пиротехнички средства. Лицето е приведено во Полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2024 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода 23 – годишната Џ.С. и малолетник, во присуство на неговиот старател, двајцата од Кочани, затоа што околу 14.00 часот Џ.С. во домот на малолетникот му продала марихуана. Полициските службеници ја одзеле марихуаната и по комплетирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење…  

На 02.01.2024 во 09.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Врбјани, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(59) од Скопје излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се сопатничката од возилото В.А.(58) од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. 

На 02.01.2024 во 06.25 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „даеву тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.П.(46) од с.Стрмош, пробиштипско, удрило во Л.К.(61) од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.К. констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

На 02.01.2024 во 05.00 часот Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово – Делчево на место викано „Смојмирско поле“, атар на с.Смојмирово, патничко моторно возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(24) од Берово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.

На 02.01.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош, Ж.Р.(43) од с.Бардовци, скопско, пријавил дека на ул.„Љубљанска“ бил каснат од куче скитник.

На 02.01.2024 во 19.15 часот во СВР Битола, К.П.(65) од Битола пријавил дека во Битола бил каснат од куче скитник.