Вести Македонија

Вељаноски не го признава Талат Џафери: Ќе закажам седница кога ќе биде поправена опремата

Сподели:

Поранешниот претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во интервју за Сител телевизија кажа дека не го признава новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој беше избран на седницата во четвртокот, со 61 глас „за“ а неговиот избор беше поздравен и признат од САД, ЕУ и повеќе влијателни светски држави. Џафери како нов претседател на Собранието првата средба ќе ја има со високиот американски претставник на Стејт Департментот Хојт Ји.

„Тој ден пречуствував дека ќе се случат овие работи. Зоран Заев зема процедурална и искажа тешки зборови, но мислев дека ќе преовладува разум. Пратениците упатија многу молби, мислев дека СДСМ нема да го направат ова. Тие имаа смислено сценарио. До мене како претседавач имаа дадено 35 потписи за Собранието да работи и во петок, а јас тоа го одобрив. Нивните документи не беа согласно Деловникот.“, вели Трајко Вељаноски.

Според Вељановски, на „шверцерски“ начин се избрал претседател во Собранието.

Вељановски, според неговите теории не го признава Талат Џафери за нов претседател, и затоа ќе продолжел да претседава со маратонските седници на кои не им се гледаше крајот.

 

Сподели: