Теоретичарите на заговор, како и популистите, често се повикуваат на здрав разум, мислење со своја глава и доведување во прашање на авторитетите. Ова може да биде подлога за здрав скептицизам, ако е култивирана низ искрен и толерантен дијалог. На пример, сосема легитимно е оспорувањето на генезата на коронавирусот – дали е создаден природно или лабораториски, или ставот дека 5Г мрежата можеби и не ни е толку потребна, кога и онака сме изложени на секакви зрачења од модерната технологија. Уште една народна мудрост вели дека вистината е секогаш некаде на средина. Секое лошо за добро е, гласи народната мудрост. Веројатно водејќи се од неа, на почетокот на карантинот…