Адем Чучуљ, претседател на Државната комисија за спречување на корупција

Сподели:

Адем Чучуљ, е новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупција.

Тој денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

“За мене претставува чест да бидам претседател. Ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции”, изјави Чучуљ.

Сподели: