Вести Македонија Ударни вести

Адвокатите на Јанева вршат увид на доказите од ПИ-мерките

Сподели:

 

Oдбраната на Катица Јанева и денеска во Обвинителството за гонење организиран криминал врши увид во доказите против нивната клиентка во истрагата за „Рекет“. Како што објави „Фокус“, обвинителството со судски налог ја следело или прислушувало Јанева. Овие докази требаше да се декласифицираат за да можат адвокатите Ирена Фрчковска и Дељо Кадиев да ги разгледуваат.

На 23 септември, Обвинителството за гонење организиран криминал соопшти дека истрагата за „Рекет“ е завршена, по севкупна анализа на прибраните материјални и вербални докази. Оттогаш тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица, по што одбраната може да предлага докази во нивна корист.

Катица Јанева е осомничена и притворена во „Рекет“ поради злоупотреба на службената положба и овластувања. Во истражниот зaтвор во Шуто Оризари сѐ уште е и првоосомничениот Бојан Јовановски ( Боки 13), додека Зоран Милески – Кичеец е пуштен во куќен притвор.

Сподели: