Ахмети и Рама разговараа за процесот на реализација на Коридорот 8

Сподели

 

По посетата на Приштина, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети придружуван од своите сопартијци и соработници, првиот вицепремиер на Владата на Република Северна Македонија и министер за Политички систем, Артан Груби, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини се во работна посета на Тирана.
 
 
 
 
Претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети и премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама на оваа средба разговараа за важноста од што поскорото функционирање на едношалтерскиот систем на граничните премини меѓу Северна Македонија и Албанија и со оваа да се придонесе за уште поголема либерализација на движењето на нашите граѓани.
 
Изградбата на Коридорот 8 и 10-Д како и изградбата на пругата што ќе го поврзува Црното Море со Јадранот, и тоа од Република Бугарија, преку Република Северна Македонија до Република Албанија, патот на Арбер како една многу важна артерија за двете земји, енергетската поврзаност Битола – Елбасан како и многу други проекти беа исто така дел од дискусијата на средбата меѓу претседателот Ахмети и премиерот на Албанија Еди Рама.
 
На оваа средба се разменија мислења и за важноста од користењето на пристаништето во Драч од страна на граѓаните и правните субјекти на Република Северна Македонија, како еден многу важен чекор кој позитивно ќе влијае на растот на економскиот развој и трговската размена не само меѓу нашите две земји, но и земјите од целиот Западен Балкан.
 
 
 
Во оваа прилика, претседателот Ахмети и премиерот Еди Рама разговараа и за интеграциските перспективи на двете земји во Европската Унија и дијалогот со Бугарија, вклучително и за очекувањата за деблокирање на патот за добивање датум и почеток на преговорите за членство.
 
На крајот од оваа средба г. Али Ахмети и г. Еди Рама оценија дека границите на двете земји се безбедни, а во соработка со другите земји членки на НАТО, а особено со Соединетите Американски Држави, се прават максимални напори позиционирањето на Република Северна Македонија и Република Албанија биде на иста линија и во никој случај да не се разликуваа од ставовите на големите пријателски сили.