АХВ: Да се пријават само поголем број угинати гаврани или други птици

Сподели:

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до јавноста да не се создава непотребна загриженост при појава на поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици.

Особено внимание треба да се посвети доколку се забележи поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици на исто подрачје и во краток временски период.

Граѓаните кои ќе забележат ваква невообичаена појава се повикуваат да ја известат надлежната служба и да избегнуваат директен контакт, допирање или преместување на угинатите птици, апелираат од АХВ.

Агенцијата континуирано ја следи состојбата и согласно проценката на ризикот, ги презема потребните мерки за надзор, земање примероци и лабораториско испитување.

Сподели: