Вести Македонија Ударни вести

АХВ: Инензивно се подготвува и извозот на свиско месо за ЕУ

Сподели:

Македонија интензивно работи на добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо во ЕУ. Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство  Зоран Атанасов, за околу две години се очекува земјава да биде прогласена за слободна од свинска чума по што и ставена на листата за извоз.

– Почнаа активностите за проценка и зајакнување на биосигурноста на комерцијалните фарми за одгледување свињи. Првите резултати се солидни. Следува прекинување на вакцинацијата против класична свинска чума, а две години потоа и прогласување на Македонија како земја слободна од оваа болест со што практично ќе може нашето свежо свинско месо да се најде на пазарите низ светот, не само во ЕУ, вели директорот Атанасов за МИА.

Сподели: