Aлбанија ја доби првата жена генерал

Сподели

thumbs_b_c_e0740e36affdee0d52a9eb1912483f73

ТИРАНА (АА) – Со декрет од претседателот Бујар Нишани, вооружените сили на Албанија по 104 години од своето постоење ја добија првата жена генерал, Манушаке Шеху, јавува Anadolu Agency (AA).

„На предлог на министерот за одбрана Мими Koдели, албанскиот претседател потпиша декрет за назначување на Манушаке Шеху за бригаден генерал“, објави вчера Министерството за одбрана на Албанија.

Бригадниот генерал Манушаке Шеху е родена на 5 ноември 1965 година, во североисточниот дел на Албанија, а во вооружените сили на Албанија е од 1984 година.

Таа дипломираше на Воената академија на Албанија, а заврши Правен факултет во Скадар. Таа има поминато обемна воена обука и вежби во кои учествувале војници од други земји-членки на НАТО.