Албанската влада прифати да донесе посебен закон за малцинствата

Сподели

Albanskata-vlada

Министерството за надворешни работи на Албанија организираше состанок со преставници на малцинствата во Албанија, со цел подобрување на законската регулатива за малцинствата преку изготвување на посебен закон кој, албанската влада по барање на Европската Унија прифати да го донесе.

Со него треба да се регулира признавањето на македонското и другите малцинствата на целата територија на Албанија, односно да се овозможи образование на македонски јазик каде што живеат Македонците.

– Законот треба да обезбеди загарантирани места во албанскиот парламент за малцинствата, правична застапеност во локалната, централната власт и јавната администрација, посебен фонд за развој и заштита на македонската култура и традиција, посебен буџет за развој на областите каде што живеат Македонците во Албанија, како и реорганизација на државниот Комитет на малцинствата, со регулирање и на други прашања поврзани со правата на малцинствата – вели генералниот секретар на Македонската алијанса за европско интегрирање, Васил Стерјоски.

Неколку години наназад, македонското и другите малцинствата во Албанија бараа да се донесе ваков закон.

meta.mk