Албанскиот претседател Илир Мета во посета на Македонија

Сподели

Претседателот на Албанија, Илир Мета денеска и утре ќе престојува во Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Иванов и Мета ќе имаат средба по што е предвиден пленарен состанок на двете земји, а потоа ќе дадат изјави за содржината на разговорите.

Предвидена е средба и на Илир Мета со претседателот на Собранието, Талат Џафери.