Вести Македонија

Али Ахмети од Струга: Гласајте за Мерко и Арбреша, гласајте за иднината на Струга

Сподели:

 

Демократската Унија за Интеграција ја продолжи предизборната кампања во Струга преку презентирање на кандидатот за градоначалник на оваа општина Рамиз Мерко, листата на кандидати за советници предводена од Арбреша Влаши, како и изборната програма која е нивна заложба за промени и развој во Струга.
 
На присутните им се обратија претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот Јетон Шаќири, кандидатот за
градоначалник Рамиз Мерко и носителот на листата на кандидатите за советник Арбреша Влаши.
 
 
 
 
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во својот говор изрази максимална поддршка за кандидатурата на Мерко.
 
„Овој е мандат што се совпаѓа и е дел од Поглавјето што ја регулира животната средина, што истота се совпаѓа со нашата агенда, Зелената агенда за почиста средина и поквалитетен живот. Почитувани, овој е мандат во кој ќе го реализираме Коридорот 8 што ги поврзува Скопје, Драч и Приштина. Кои се тие што ќе ги реализираат овие пројекти, тоа е тимот што ќе биде преводен од Мерко и Арбереша, истакна претседателот Ахмети, додавајќи дека кандидатите на ДУИ во целост ќе ги реализираат проектите предвидени во изборната програма, која има за основа Зелената агенда.
“Сите вие во сите населени места да гласате за ДУИ, Мерко затоа што вашата иднина ќе биде подобра”.
 
Спикерот на Собранието Талат Џафери пред стружани побара поддршка за Рамиз Мерко додавајќи дека победата е голема и дека Струга му дала многу на албанското општество.
 
„Можам да кажам од оваа атмосфера дека Струга припаѓа на ДУИ и Рамиз, на граѓаните кои вредно ќе ја чуваат и негуваат, а на 17 Октомври ќе ја прославиме големата победа “, изјави Џафери.
 
Првиот вицепремиер Груби пред стружани изјави дека целата извршна власт стои зад проектите и ветувањата на Мерко и дека на овие избори граѓаните треба да ја дадат најголемата победа на ДУИ и Али Ахмети.
 
„На Рамиз Мерко му стои на располагање целиот Парламент и Владата, сите сме “војници”на Мерко. Секое ветување е ветување на Владата, секој ваш проект е проект на Владата, Собранието, ДУИ и Али Ахмети. Почитувани граѓани, на овие избори подарете и ја најголемата победа на ДУИ и Али Ахмети од Струга до Липково“, изјави Груби.
 
Министерот Јетон Шаќири вечерва побара од стружани поддршка како нивен пријател затоа што градот се промени на подобро и истото ќе продолжи и во новиот мандат.
 
„Стружани знаат да ја ценат добрата работа што е завршена во последниот мандат, мило ми е што ве гледам вечерва во голем број, ви се обраќам како ваш пријател, знаеме дека Струга не е иста како и пред 4 години, таа има поинаков изглед и ќе купи уште повеќе затоа што ја имаме најдобра понуда за нашите општини “, изјави министерот Шаќири.
 
Мерко, пак, изјави дека ја променил Струга во урбан и модерен град.
 
„Имам чест и задоволство вечерва да ги откријам големите успеси што ги постигнавме досега. Има над 100 проекти што го носат нашиот печат. Сведоци сме дека направивме многу голема работа, Струга се смени и доби поубав поглед, станувајќи урбан и модерен град, со главни патишта што го разубавија градот, давајќи му поглед на туристички град “ – потенцираше Мерко.
 
Носителката на листата кандидати за советницу Арбреша Влаши кажа дека тие ќе ја направат Струга подобро место за живеење и со сигурна иднина.
 
“Ова е мандат за вистинска промена, за заштита на животната средина, за користење на обновливи ресурси, инклузивна демократија, дигитализација и социјална, образовна, економска поддршка. Заедно можеме да го постигнеме она што другите велат дека е невозможно. Едно подобро место за живеење, посигурна иднина и зелена Струга “, рече носителката на листата кандидати за советници Арбреша Влаши.
 
Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја продолжи изборната кампања во општина Кичево, каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник Фатмир Дехари и листата на кандидати за советници со носител на листа Газменд Јусуфи.
 
ДУИ, Локални избори, 2021
Сподели: