Вести Македонија

„Алкалоид“: Со петта генерација по ред ја спроведуваме Програмата за млади таленти,

Сподели:

 

„Алкалоид“ денес е она што е благодарение на стручниот кадар, кој секојдневно се вложува во секој процес и производ.
 
Ние, како компанија со активна соработка со научнообразовните институции во нашата земја, на висококвалификуваниот кадар му ја доближуваме фармацевската индустрија и го подготвуваме со повеќе вештини, преку кои ќе ја гради својата кариера и иднина во една од најдобрите компании во Југоисточна Европа.
 
Веќе кај 5-тата генерација по ред ја спроведуваме Програмата за млади таленти, преку која 205 практиканти од различни образовни институции имаа можност да се запознаат со процесите и со активностите во „Алкалоид“ АД Скопје, а дел од нив ја продолжија својата кариера во компанијата.
 
Преку Проектот за парцијално дуално образование на 43 талентирани и амбициозни ученици, им овозможивме стекнување и практикување нови вештини во реални процеси во рамките на компанијата и во најмодерно опремена тренинг-лабораторија.
 
Во иста насока продолжуваме и во иднина со цел да растеме со исто темпо.
 
Сподели: